
Ф1 – Пјастри: Имам уште многу работа, титулата сè уште ми е далечна
За многумина Австралиецот има комотно водство и е близу до титулата, но тој не мисли така
Оскар Пјастри не мисли дека неговата предност од 34 поени пред колегата од Мекларен, Ландо Норис, по Големата награда на Холандија е „удобна“ во борбата за шампионатот на возачите во Формула 1.
Препорачано
Пјастри возеше доминантна трка од пол-позицијата за да ја обезбеди својата деветта победа на Големата награда на Ф1 во Зандворт во неделата.
Од друга страна, колегата на Австралијанецот, Норис, доживеа механички дефект, што доведе до негово откажување од трката.
New footage unlocked 🔓
Parc ferme & podium scenes ✨#McLaren pic.twitter.com/ko8icO8zjy
— McLaren (@McLarenF1) September 1, 2025
Откажувањето на Норис значи дека пред последните девет трки од сезонава, Пјастри води пред Британецот со разлика од 34 поени.
Сепак, кога беше прашан дали ова му го намалува притисокот, тој беше категоричен дека тоа не е случај.
– Не, не мислам така. Сè уште има долг пат. Треба да продолжам да притискам и да се обидувам да победувам на трки. Не би рекол дека е многу удобна разлика. Како што видовме денеска, може сè да се промени со едно повлекување од трка, многу, многу брзо, така што… – изјави Пјастри.
Оскар Пјастри победник на Формула 1 трката за Големата награда на Холандија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
52мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5