
Евтините кинески гуми „обвинети“ за застојот на рускиот конвој кон Киев
Евтините кинески гуми се „обвинети“ за тоа што рускиот конвој на оклопни возила, не може да стигне до Киев. Министерството за одбрана објави податоци во кои се открива дека конвојот руски тенкови што напредувал кон главниот град на Украина, останал на 30 километри од центарот на градот и имал многу мал напредок во претходните три дена поради „украинскиот отпор, механичкиот дефект и застојот“, објави cityam.com.
Препорачано
Карл Мут, академик од Универзитетот во Чикаго и самонаречен експерт за гуми, на Твитер објави теорија, во која вели дека евтините кинески гуми се виновни за бавниот напредок на руските возила.
„Тоа не се тркала на тешки камиони од советската ера“, напишал Мут, коментирајќи ја фотографијата од возило на руската армија со искинати гуми.
Наместо тоа, Мут верува дека камионите користат „кинески воени гуми, односно верувам дека користат конкретно гуми Yellow Sea YS20.
„Ова е гума што првпат ја сретнав во Сомалија и Судан. Tоа е лоша кинеска копија на одличниот дизајн на воените гуми Michelin XZL“, мапиша Мут.
Поранешниот член на Пентагон, Трент Теленко, се впушти во дебатата и напиша дека „лошото одржување на камионите на руската армија“ креирала ризик од дефект на опремата.
„Кога ги оставате гуми за воени камиони на едно место со месеци траничните ѕидови стануваат гнили и кршливи, така што користењето на поставките за низок притисок во гумите за значително растојание ќе предизвика гумите да пропаднат катастрофално преку рипки“, додал Теленко.
Теленко пишува дека опрамата е многу кревка за да се справи со калливиот терен. Напиша дека опремата е можеби погодна во сувиот Кримски дел, но на другите места, Русите ќе имаат огромен проблем во следните 4 до 6 недели“, заклучил Теленко.