
Евростат: Највисок раст на платите постигнаа Бугарија и Унгарија, најнизок раст во Франција
Во вториот квартал од оваа година, трошоците за труд во ЕУ се зголемија за четири проценти во споредба со истиот период минатата година. Во исто време, растот на трошоците за труд во еврозоната се зголеми за 3,6 проценти, објави Евростат, статистичката агенција на ЕУ. Платите во ЕУ најмногу се зголемија во градежниот сектор, за 4,8 проценти, во услугите за 4,6 проценти и во индустријата за 3,9 проценти- пренесе Кликс.ба.
Препорачано
Гледано по земји, највисок раст на платите на годишно ниво имало во Бугарија – дури 13,2 проценти. Втора е Унгарија со зголемување на платите од 10,9 проценти, а трета е Романија со 10,4 проценти. Општо земено, зголемувањето на платите е значително поголемо во земјите-членки на ЕУ од централна и источна Европа отколку на запад.
Најнизок раст на платите, со помалку од два проценти на годишно ниво, имало во Франција – 1,4 проценти.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15сек
-
12мин
-
22мин
-
34мин
-
46мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5