Контејнери во Лос Анџелес/ Фото EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Европското јавно обвинителство заплени 2.435 кинески контејнери во грчкото пристаниште Пиреја во истрага за царинска измама

Европското јавно обвинителство објави дека запленило 2.435 контејнери во грчкото пристаниште Пиреја од јуни во врска со случај на царинска измама на ЕУ, објави Катимерини, пренесува БТА. Шест лица, меѓу кои и двајца царински службеници се обвинети за повеќекратни лажни сертификати, што резултирало со нелегална добивка и загуби за буџетот на ЕУ што надминуваат 871.000 евра, и за поттикнување царинска измама.

„Првите 500 контејнери за превоз беа запленети за време на операцијата во јуни. Дополнителни 1.935, кои беа во транзит кон ЕУ, беа запленети по пристигнувањето во пристаништето Пиреја, со што вкупниот број достигна 2.435“, се вели во соопштението.

Според Канцеларијата на европскиот јавен обвинител, ова е најголемата заплена на контејнери во ЕУ досега. Контејнерите моментално се проверуваат. Тие беа натоварени главно со електрични велосипеди, текстил и обувки увезени од Кина, при што царинските давачки и ДДВ беа избегнувани со систематско искривување на нивната вистинска вредност. Јунските рации во Пиреја беа дел од операцијата Калипсо, која опфаќа четири земји и беше насочена кон криминални мрежи вклучени во големи измами со ДДВ поврзани со увоз од Кина. Вкупно 10 лица беа уапсени низ цела ЕУ. Канцеларијата на европскиот јавен обвинител соопшти дека измамата траела најмалку осум години, предизвикувајќи штета од најмалку 350 милиони евра во царински давачки и 450 милиони евра во ДДВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот