Руско знаме/ Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Европскиот суд за човекови права ја осуди Русија за законот за странски агенти

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Русија за нејзиниот закон за странски агенти, донесен во 2012 година, оценувајќи го како „произволен“ и дека создава „клима на недоверба“.

Судот беше ангажиран од 107 невладини организации, медиуми и членови на руското граѓанско општество. Според ЕСЧП, законот „стигмазира, збунува и се применува премногу широко и непредвидливо“. Тие додаваат дека „целта на законот повеќе е казнување и застрашување отколку одговарање на транспарентноста или безбедносните барања“.

Заклучено е дека законот ги нарушува принципите на слободата на изразување, здружување и правото на почитување на личниот и семејниот живот. Иако Русија беше исклучена од ЕСЧП во март 2022 година, одлуките остануваат обврзувачки за настаните што се случиле пред тој датум.

Меѓу жалителите се организацијата за човекови права „Меморијал“, Радио „Слободна Европа“ и бројни активисти.

Судот истакна дека санкциите, вклучително и глоби и распуштање на организации, претставуваат сериозно кршење на слободите, додавајќи дека законот поттикнува „клима на сомнеж и недоверба кон независните гласови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот