Европски фронт Фото: Фејсбук Аеијанит Хоџа

Европскиот фронт испрати формално писмо до Советот на Европа за селективна правда по трагедијата во Кочани

Пратеничката група на Европски фронт во Собранието испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот на Европа, со кое бара итна експертска проценка на селективната правда по трагедијата во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица.

Писмото е адресирано до Мајкл О’Флахерти, комесар за човекови права, Клер Бази, претседателка на Венецијанската комисија,
Ливија Стоика Бехт, извршна секретарка на ГРЕКО (Група на држави против корупција), Теодорос Русопулос, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Во писмото, пратениците изразуваат загриженост за „скандалозно политички мотивирани истраги кои ги таргетираат само поранешни функционери, додека сегашни носители на функции – кои имале институционална надлежност речиси цела година пред трагедијата – се оставени надвор од секој процес“.
Писмото посочува и на директното трансакциско вмешување на премиерот во обвинителството и самата истрагата како и јавната парада и злоупотреба при приведување на поранешен министер.

ПГ на Европски фронт бара Советот на Европа:

-Да испрати независна експертска мисија за проценка на  независност на истрагата; Да иницира дебата во Парламентарното Собрание  на Советот на Европа; Да побара мислење од Венецијанската комисија за влијанието врз обвинителството; Да го ангажира ГРЕКО за истрага на политичко влијание врз обвинителските одлуки.

Пратениците потенцираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и не смее да зависи од политичка припадност.

-Селективната правда го поткопува владеењето на правото и ја нарушува довербата на граѓаните во институциите – соопшти Европскиот фронт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот