Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Европската кошарка доби нов претседател

Легендарниот шпански кошаркар Хорхе Гарбахоса кој е прв човек на шпанската кошарка е избра за нов претседател на ФИБА Европа. На денешните избори Гарбахоса беше подобар од Французинот, Жан-Пјер Суита.

Гарабахоса зад себе има голем успех со шпанската репрезентација како играч и ја освои титулата со „Фуријата“ во 2006 година, додека на ЛОИ во Пекинг во 2008 година освои сребро, освои и четири медали од Евробаскетот.

Во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА играше за Торонто Репторс, додека во Европа го носеше дресот на ТАУ Керамика, Бенетон, Уникаха, Химки и Реал Мадрид.

На позицијата претседател на европската кошарка Гарбахоса го наследува Турчинот Тугај Демирел кој си замина по истекувањето на мандот. Шпанецот ќе ја води ФИБА Европа во наредните четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот