Европската централна банка против укинување на државниот долг предизвикан од кризата

Потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Луис Де Гиндос, во интервју изјави дека намалување или укинување на државниот долг на земјите членки на ЕУ би била „економска грешка”, јави дописничката на МИА од Брисел.

Де Гиндос ова го изјави во интервју за белгискиот весник Ле Соар.
Според него, доколку се укине државниот долг, националните централни банки би морале да ги пренасочат добивките за да ги покријат загубите, наместо да ги искористат за да дистрибуираат дивиденди на владите како што тоа го прават сега на крајот на секоја година.
Тој смета дека ваква мерка би му наштетила и на кредибилитетот на Европската централна банка како институција.
Повеќе економисти и експерти, меѓу нив и познатиот француски економист Томас Пикети, пред неколку месеци повикаа да се укине државниот долг предизвикан од санитарната криза во земјите членки на ЕУ.
Потпретседателот на ЕЦБ во интервјуто се покажа оптимист за економското закрепнување на земјите на ЕУ. Според него, фактот што вакцинацијата се забрзува секаде ќе има позитивни последици.
Банката предвидува раст од четири отсто оваа година и очекува позитивен втор семестар и покрај неизвесноста од вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот