
Европска централна банка: Американските царини ќе му наштетат на целиот свет
Царините што Доналд Трамп ќе ги воведе ќе имаат негативни последици ширум светот, предупреди претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, според „Ројтерс“.
Препорачано
Лагард рече дека обемот на штетата ќе зависи од тоа колку ќе бидат обемни царините, колку долго ќе траат и дали ќе доведат до успешни преговори.
„Да не заборавиме дека ескалацијата на царините, бидејќи тие често се штетни дури и за оние кои ги воведуваат, честопати доведува до преговарачки маси каде што луѓето всушност седнуваат, разговараат и на крајот отстрануваат некои од тие бариери“, изјави Лагард за ирската радио станица Њузток (Newstalk).
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social претходно напиша „Денеска е ден на ослободувањето во Америка!“
Трамп го прогласи денешниот датум – 2 април како „Ден на ослободувањето“, тврдејќи дека најавата за царини ќе ги ослободи САД од зависноста од странска стока.
Сè уште не се познати сите детали од неговата објава, која треба да биде објавена во Белата куќа во 16 часот по локално време (22 часот по македонско време), но се очекува тоа да има глобални последици.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5