Томас Вајц / фото: thomaswaitz.eu

Европратеникот Томас Вајц од Зелените е нов известувач на ЕП за Северна Македонија

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија. Вајц, кој доаѓа од Зелените, бил и копретседавач на Европската зелена партија. Вајц ќе го замени бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој оваа функција ја извршуваше безмалку пет години.

На неговиот профил на социјалната мрежа „Х“, меѓудругото, пишува дека се залага за проширување на ЕУ, со фокус на Западен Балкан.

Повеќето политички групи во Европскиот парламент номинираа свои членови за позициите известувачи за земјите од Западен Балкан.

Тонино Пицула од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) ќе биде известувач за Србија, додека Андреас Шајдер од истата партија ќе биде известувач за Албанија. Словенечкиот европратеник Марјан Шарец од Renew Europe ќе биде известувач за Црна Гора.

Европската народна партија (ЕПП) ги доби позициите за известувачи за Косово и Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!