Европратеникот Белери: Омразата што Рама ја има кон мене и етничкото грчко малцинство во Химара не исчезнува

Европратеникот Фреди Белери, кој е дел од десетчлената делегацијата на Европскиот парламент за проверка на пристапниот процес на Албанија, која денес и утре е во Тирана, даде изјави само на грчки јазик порачувајќи дека „Албанија мора со дела да покаже дека сака да биде дел од Европската унија“.

„Омразата што господинот Рама ја има кон мене и етничкото грчко малцинство во Химара не исчезнува. За жал, Албанија, земја кандидат за членство во Европската Унија, покажува девалвација на европските тела во кои сака да се приклучи, но и девалвација на договорите што ги потпиша за заштита на дипломатските претставништва, изјавил Белери, објави Топ чанел.

Потсети дека 16 месеци поминал во албанска затворска ќелија без никаков доказ.

-Овие напади не ме плашат. Албанија мора со дела да покаже дека сака и мора да биде во Европа. Тоа не може да се направи доколку не се затворат старите рани во демократијата и владеењето на правото и не почне ги почитува правата на грчкото етничко малцинство, рекол Белери одбивајќи да даде изјава на албански.

При пристигнувањето во Тирана, денеска, пред зградата на Собранието помала група граѓани протестираа извикувајќи „ти си срам“, „ти си убиец“ а едно лице го гаѓаше со јајца и јогурт.

Нападот врз Белери го осуди грчкото министерство за надворешни работи.

ВИДЕО | Појадок заврши во костумот на европратеникот Белери, гаѓан е со јајца и јогурт откако излезе од парламентот во Тирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот