Колаж на СП / ЕПА

Европа го менува курсот: Во прашање се доведени трговските односи со Израел

Европската комисија предлага повторно да се воведат санкции за увоз на стоки од Израел како одговор на војната на Израел во Појасот Газа и континуираните кршења на законот во окупираниот Западен Брег. Високиот претставник на ЕУ за надворешни односи, Каја Калас, изјави дека трговската размена меѓу ЕУ и Израел минатата година изнесувала 42,6 милијарди евра, а целта на санкциите е да се намали тој износ за 37 проценти, објави денес Eуроњус.ком.

Поточно, станува збор за суспендирање на одредени одредби поврзани со трговијата во рамките на Договорот за асоцијација меѓу Израел и ЕУ. „Овој чекор дефинитивно ќе има висока цена за Израел“, рече Калас. Таа истакна дека ако има земји кои не се согласуваат со тој план, тогаш треба да смислат алтернативи, особено ако признаат дека ситуацијата на терен во Газа е неодржлива.

– Имавме многу интензивни дискусии во Советот за надворешни работи на ЕУ за ова. Моето прашање до сите мои колеги, бидејќи не станува збор само за Германија, беше дека ако се согласите дека ситуацијата е исклучително сериозна, катастрофална и неодржлива, што ќе правиме во врска со тоа? Ако не ги поддржите овие мерки, какви мерки можете да поддржите? Понудете алтернативи – рече Калас. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, минатата недела објави план за трговски санкции против Израел, пренесува Србија данас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот