
ЕВРО 2020, Секуловски: Нема потреба Македонија да го менува пристапот!
Погледите полека, но сигурно се насочуваат кон почетокот на Европското првенство кое секако македонската фудбалска и спортска јавност со нетрпение го очекува…
Препорачано
ЕП официјално ќе стартува на 11 јуни, а своето деби нашата А репрезентација ќе го има два дена подоцна во Букурешт против селекцијата на Австрија.
Во вториот меч ривал е Украина против која ќе играме исто така во романскиот главен град на 17 јуни, а на 21 јуни во Амстердам ќе се соочиме со фаворитот во групата „Ц“, Холандија.
Тренерот на Брегалница Штип (новиот прволигаш од следната сезона), Марјан Секуловски вели дека треба да се даде максимална поддршка на нашите најдобри играчи во текот на континенталниот собир:
– Македонија треба да пристапи на истиот начин како што играше во квалификациите. Со максимална самодоверба и верба во сопствените квалитети. Нема потреба од промена на пристапот. Селекторот, стручниот штаб и фудбалерите знаат како треба. Тоа го докажаа претходно. Ние само треба да им дадеме максимална поддршка и да ги бодриме во секој натпревар – ни изјави Секуловски.
Потсетување дека на Европското првенство нашите најдобри фудбалери успеаја да се пласираат преку УЕФА Лигата на нации. Во Лигата „Д“ (2018/19) Македонија беше првопласирана во својата група „4“ пред Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, потоа во полуфиналето во Скопје со 2:1 триумфираше над Косово, а во финалето во Тбилиси беше подобра од Грузија (0:1).
ФОТО: Пуштени во продажба билетите за Македонија на Европското првенство