Фото: Evgenij Pop Acev/FB

Eвгениј Поп Ацев стана само петтиот Македонец кој го препливал Ламанш

Македонскиот пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев, испиша уште една убава страница во историјата на македонскиот спорт успевајќи да стане само петтиот Македонец кој го препливал каналот Ламанш.

За подвигот кој се смета за еден од најголемите спортски предивици на Поп Ацев му беа потребни 9 часа и 43 минути.

Со ваков историски успех можат да се пофалат само уште четворица Македонци и тоа: Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски. Еден неуспешен обид за препливување на Ламанш, Поп Ацев имаше во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот