Муниција / Фото: Maxim Stukonozhenko / Alamy / Alamy / Profimedia

Еве каде се отвора најголемата фабрика за муниција во Европа

Германската компанија „Рајнметал“ денес ја отвора најголемата фабрика за артилериска муниција во Европа во Унтерлис, недалеку од Хановер, по мали доцнења во изградбата, пренесува Трлеграф.рс

Според плановите, фабриката ќе достигне капацитет од 350.000 артилериски гранати годишно до 2027 година, а производството на ракетна артилерија е планирано веќе во 2026 година, објавува „Блумберг“.

На церемонијата на отворање ќе присуствуваат извршниот директор на „Рајнметал“, Армин Папергер, германскиот министер за финансии и вицеканцелар Ларс Клингбајл, министерот за одбрана Борис Писториус и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„Рајнметал“ претходно заврши уште еден голем проект во Германија – фабрика во близина на холандската граница каде што се произведуваат делови од трупот на американскиот борбен авион Ф-35.

Германската компанија го проширува производството на муниција низ цела Европа. Покрај постојните погони во Шпанија и Унгарија, гради фабрика во Литванија, планира комплекс во Бугарија што ќе вклучува и фабрика за барут, а во исто време води преговори со владата на Латвија.

Европскиот одбранбен гигант планира да произведува барут и артилериски гранати од 155 мм во Бугарија, како дел од два заеднички проекти со вкупна инвестиција од над една милијарда евра, објави германската компанија во вторник.

Според Ројтерс, Рајнметал, еден од најголемите корисници на напорите на Европа да ги подобри своите одбранбени капацитети по руската инвазија на Украина, започнува заеднички проекти низ целиот континент за изградба на производствен капацитет.

Рајнметал веќе управува со центар за ремонт на тенкови на територијата на Украина, а планот за изградба на фабрика за муниција во таа земја во моментов е одложен поради административни пречки и потреба од дополнително финансирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот