Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Еуроспорт му се извини на Ѓоковиќ за објавата со хрватското знаме

Телевизијата Еуроспорт еден ден по гафот кој го направи во објавата со Новак Ѓоковиќ во која место српско стави хрватско знаме испрати извинување до српскиот тенисер.

Во извинувањето од Еуроспорт иразуваат жалење за ненамерната грешка која предизвика реакции во јавноста.

„Жалиме поради грешката при изборот на емотиконот на знамето за објавата на социјалните мрежи. Искрено се извинуваме и уште еднаш му честитаме на Новак за историскиот успех кој го направи за него и неговата држава“, објави Еуроспорт.

Во финалето и борбата за златниот медал, Ѓоковиќ го победи Карлос Алкараз и така за првпат го освои олимпиското злато.

ФОТО | Гаф на Еуроспорт: Ѓоковиќ го направија Хрват

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот