Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер се распадна во второто полувреме и убедливо загуби од Спортинг

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер не успеа да приреди изненадување и претрпе пораз на гостувањето во Португалија кај Спортинг (30:24)

Од почетокот на натпреварот Спортинг беше подобар противник и отвори со 3:0. Успеа Пелистер да се врати и да израмни на 7:7, но не и да дојде до предност. Иако минимална, Спортинг констатно имаше водство, а на полувреме на семафорот стоеше 14:13.

Рамноправен противник, Еурофарм Пелистер продолжи да биде некаде до средината од второто полувреме за потоа да дојде до пад во нивото на игра на македонскиот претставник. До крајот Спортинг стигна и до поубедлива предност и од осум гола, а конечниот резултат беше 30:24.

На Еурофарм Пелистер од вечерва не му оди во прилог ниту победата на Висла која приреди големо изненадување и се радуваше над ПСЖ во Париз (28:31)

Вила со овој триумф се изедначи со Пелистер на шестата позиција со по шест бода, но полскиот тим има подобар меѓусебен дуел. Ќе потсетиме, шестата позиција е последна која води во плеј-офот, па така во завршницата од групната фаза ќе следи голема битка.

На останатите две средби кои се играа денес Фуксе Берлин лесно ја совлада Фредериција со 36:29, а Веспрем на гости беше подобар од Динамо Букурешт со 26:33.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот