Гранада ЕУ самит EPA-EFE/MIGUEL ANGEL MOLINA

ЕУ свика вонреден самит за Украина на 6 март

Европската унија свика вонреден самит за Украина и европската безбедност за 6 март, објави денеска претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

„Одлучив да свикам посебен Европски совет на 6 март“, објави Кошта на социјалната мрежа „Икс“.

„Живееме во одлучувачки момент за Украина и европската безбедност“, напиша тој, додавајќи дека во неговите консултации со европските лидери слушнал „заедничка посветеност“ за соочување со овие предизвици на ниво на ЕУ. Притоа го наведе „зајакнувањето на европската одбрана и одлучувачкиот придонес за мирот на нашиот континент и долгорочната безбедност на Украина“.

Кошта исто така нагласи дека ќе продолжи да работи заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и сите земји-членки за да бидат подготвени да донесат одлуки на 6 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот