
ЕУ поддржува заем од 140 милијарди евра за Украина – замрзнатите руски пари се на маса
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува брза одлука за користење на замрзнатите руски средства за помош на Украина и нагласи дека меѓу европските лидери постои силен консензус околу тоа.
На самитот во Копенхаген, лидерите на Европската унија изразија широка поддршка за идејата да се обезбеди заем од околу 140 милијарди евра за Украина со замрзнатите средства на руската централна банка, но истакнаа дека правните и финансиските аспекти сè уште не се расчистени, објави Ројтерс.
Препорачано
Белгискиот премиер Барт де Вевер побара од другите лидери на ЕУ да гарантираат дека ќе го споделат ризикот доколку замрзнатите руски средства, што се чуваат во неговата земја, се искористат за финансирање заеми за Украина
„Нема бесплатни пари. Секогаш постојат последици“, рече Де Вевер, додавајќи дека сака писмена гаранција од колегите во ЕУ дека сите заедно ќе ја преземат одговорноста доколку нешто тргне наопаку.
Нарушена е безбедноста на менаџментот на „Еуроклир“
Белгија е посебно изложена бидејќи најголемиот дел од замрзнатите средства – околу 185 милијарди евра – се чуваат во „Еуроклир“, депозитарот за хартии од вредност со седиште во Брисел.
Дополнително, Де Вевер предупреди на ризици по безбедноста на менаџментот на „Еуроклир“, чиишто раководители веќе живеат под строга заштита, како и на можни последици за европските компании во Русија.
Руте: НАТО е посветен на 5% трошоци за одбрана, со што ја нагласува европска безбедност
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласи дека Белгија нема да остане сама во носењето на ризикот, а високата претставничка за надворешна политика Каја Калас порача дека планот сè уште нема целосна поддршка и дека претстои многу работа.
Мерц: Руските замрзнати средства треба да одат за Украина
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, пак, изјави дека очекува во наредните недели да се донесе конечна одлука, најверојатно на самитот во Брисел за три недели, објави Јаху.
„Ќе го поддржам секој начин што ќе овозможи руските средства да се искористат за понатамошна помош на Украина и да се осигури дека оваа војна ќе заврши што е можно побрзо,“ рече Мерц, додавајќи дека во Копенхаген почувствувал силен консензус меѓу лидерите.
Кремљ ја осуди иницијативата како „чиста кражба“, а портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, предупреди дека секој напад врз руската сопственост ќе биде дочекан со „жесток одговор“.
Мерц во судир со Брисел: Канцеларот сака да ја скрати моќта на Фон дер Лајен
Според проценките, во ЕУ се замрзнати околу 200 милијарди евра руски средства, додека, пак, глобално сумата изнесува приближно 300 милијарди долари. Досега, каматата на овие средства се користеше за поддршка на Украина.
Планот на Комисијата суштински значи предвремено искористување на идни руски репарации преку замрзнатите средства на централната банка, при што ЕУ и евентуално Г7 би дале гаранции ако Русија некогаш треба предвремено да биде обесштетена или ако одбие да плати.
Туск: Тоа е наша војна, и ако Украина изгуби, тоа е наш неуспех