Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

ЕУ одобри дополнителни санкции против Русија и Белорусија

Комитетот на постојани претставници на ЕУ (КОРЕПЕР) одобри дополнителни санкции за официјални лица и агенции во Русија и Белорусија поради војната против Украина.

КОРЕПЕР одобри нови санкции за руските лидери и олигарси и членовите на нивните семејства во врска со руската агресија врз Украина. КОРЕПЕР II, исто така, одобри санкции кои ги комплетираат и ги надополнуваат нашите мерки кои веќе се преземени. Особено, овие мерките се насочени кон отстранување на три белоруски банки од системот СВИФТ. Тие, исто така, ги разјаснуваат прашањата за криптовалутите и ја комплетираат листата на технологии и стоки што не се предмет на извоз. Санкции се одобрени и против поморскиот сектор, соопшти француското претседателство со Советот на Европската унија.

Како што е наведено, овие санкции ќе бидат формално одобрени од Советот на ЕУ во писмена форма, а потоа ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ.

– Дополнително ја заоструваме мрежата на санкции како одговор на руската воена агресија против Украина. Списокот е дополнет со 160 лица, олигарси, членови на Советот на Руската Федерација; белоруски банкарски сектор; извоз на технологија за поморска навигација во Русија, крипто-валути, го коментираше претходно претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен новиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот