01 април 2021 - ФОТО: Слободен печат. / Драган Митрески

ЕУ ќе дистрибуира поголемо количество вакцини на најзагрозените членки

Вакцините во ЕУ обично се дистрибуираат меѓу 27 земји од блокот врз основа на бројноста на населението.

Повеќе земји-членки на ЕУ синоќа се согласија да споделат дел од претстојните испораки на вакцини со пет земји од ЕУ кои најавија дека им се најпотребни.

Вакцините во ЕУ обично се дистрибуираат меѓу 27 земји од блокот врз основа на бројноста на населението.

По неколкудневни преговори, амбасадорите на ЕУ се согласија да го променат системот за 10 милиони дози на Фајзер/Бионтек, кои ќе биде испорачани во вториот квартал од годинава, така што земјите кои имаат најголема потреба да добијат повеќе.

Од тие десет милиони дози, 2,85 милиони таканаречени „солидарни вакцини” ги делат пет земји, се наведува во соопштението од Португалија, која претседава со состаноците на амбасадорите на ЕУ.

Тие земји се Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Словачка.

Хрватска ќе добие дополнителни 747.000 дози вакцини против коронавирус на Фајзер до почетокот на летото, објави Владата на таа држава.

Три земји – Австрија, Чешка и Словенија – го оставија својот дел од испораките непроменет.

Државите кои се согласија да ги прераспределат своите вакцини се Белгија, Кипар, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија и Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!