ЕУ ја осуди одлуката на Русија да ја прогласи Радио Слободна Европа за непожелна
М.Р.П.
Пред
Европската унија ја осуди одлуката на Русија да ја прогласи Радио Слободна Европа, која е финансирана од САД, за „непожелна организација“, соопшти денеска портпаролот на ЕУ, Питер Стано.
Стано на социјалната мрежа Х напиша дека ова е уште еден напад на Москва врз слободата на медиумите, изразувањето и плуралистичкиот пристап на граѓаните до информации.
„Русија треба да го укине законот за непожелни и странски агенти што се користи за репресија и замолчување на критичките медиуми“, напиша тој.
фото: Платформа “X“, ЕУ ја осуди одлуката на Русија да ја прогласи Радио Слободна Европа за непожелна
Министерството за правда на Русија вчера го додаде РСЕ на списокот на странски и меѓународни невладини организации чии активности се препознаваат како непожелни на територијата на Русија, објавено е на веб-страницата на Министерството. Оваа медиумска корпорација е класифицирана како „странски медиумски агент“ во Русија. Претходно, Јавното обвинителство на Русија одлучи да ги означи активностите на РСЕ како непожелни.
Московскиот суд прогласи банкрот на работењето на Радио Слободна Европа во Русија минатиот март, откако компанијата одби да плати серија казни во вкупна вредност од над една милијарда рубљи (14 милиони долари) за кршење на рускиот закон за странски агенти
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Сатја Грабулоски е македонски уметник кој преку своето „Свитхадот студиос“ („Swithadot Studios“) гради една од највпечатливите глобални креативни приказни. Неговите уникатни, рачно изработени дизајни ги носат најголемите имиња од спортот, музиката и шоу-бизнисот – од Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс, до Дуа Липа и Снуп Дог. Неговото интервјуто за американскиот магазин „Форбс“ и …
Во текот на изминатите денови, градот доби нов сјај и светлина благодарение на кулата која се наоѓа на врвот на Водно, за чија изградба беа потребни 12 години. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Избегнете ги хемикалиите: Едно овошје е одлично средство за чистење на белите чорапи 2 Неколку знаци укажуваат на …