ФОТО : Архива

ЕУ го одложува воведувањето на 19-тиот пакет санкции против Русија

Европската комисија (ЕК) нема да воведе нов пакет санкции против Русија во среда, како што се очекуваше, објавувањето е одложено на неодредено време, објавува Политико, повикувајќи се на европски дипломат и функционер на една од земјите на блокот.

Според нив, објавувањето на 19-тиот пакет санкции „веќе не се очекува во среда“, а ЕК не прецизирала нови можни датуми за официјално презентирање на новите санкции, според бриселскиот портал.

Политико пишува дека одложувањето е последица на поместувањето на фокусот на ЕУ од воведување нови санкции против Русија кон вршење притисок врз Словачка и Унгарија за „намалување на нивната зависност од руската нафта“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе строги санкции против Русија доколку сите членки на Северноатлантската алијанса дејствуваат заедно и престанат да купуваат руска нафта.

Тој истакна дека фактот што некои сојузници на НАТО континуирано увезуваат енергетски ресурси од Русија „ја ослабува преговарачката позиција на алијансата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот