Знаме на ЕУ / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

ЕУ формира нов фонд за одбранбени проекти

Земјите-членки на Европската Унија денеска постигнаа договор за основање нов фонд кој треба да обезбеди 150 милијарди евра за одбранбени проекти на краток рок.

Договорот бил поттикнат од стравот од Русија и сомнежите за идната американска заштита на Европа.

Алармирани од руската инвазија на Украина и стравувајќи дека би можеле да бидат следната цел на Москва, земјите од ЕУ веќе ги зголемија трошоците за одбрана за повеќе од 30 проценти во последните три години, но лидерите на ЕУ тврдат дека тоа не е доволно.

Иницијативата на ЕУ, позната како Безбедносна акција за Европа (SAFE), има за цел да ги сруши националните бариери преку финансирање на заеднички проекти меѓу земјите од ЕУ и силно го поттикнува купувањето европско оружје, со цел зајакнување на одбранбената индустрија во Европа.

За еден проект да се квалификува за финансирање од SAFE, 65 проценти од неговата вредност мора да доаѓа од компании со седиште во ЕУ, пошироката Европска економска зона или Украина.

Сепак, компаниите од земјите што потпишале Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ, исто така, може да бидат подобни доколку ги исполнат дополнителните услови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот