Кинеско пристаниште/ Фото EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

ЕУ е загрижена за зголеменото кинеско влијание во европските пристаништа

Европа е сè понервозна околу тоа кој е сопственик на нејзините пристаништа, а загриженоста е поттикната од растечкото влијание на кинеските фирми низ морските патишта на блокот. Комесарот за транспорт Апостолос Цицикостас во четвртокот им порача на лидерите во индустријата дека европските пристаништа мора да ја преиспитаат безбедноста и странското присуство. Тоа беше еден од најјасните сигнали досега од Брисел дека она што некогаш се сметаше за бенигна инвестиција, сега почнува да изгледа како безбедносна закана.

Неодамнешната бела книга на Комисијата за одбранбената политика ги повтори тие загрижености со тоа што ја предложи идејата за построга контрола врз странската сопственост на „критичната транспортна инфраструктура“. Таа загриженост е одразена во нацрт-документот на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, до кој дојде „Политико“, а во кој се бараат построги правила во претстојната ревизија на регулативите на ЕУ за проверка на странски инвестиции. Ниту Цицикостас ниту С&Д не ја споменаа Кина по име, но подтекстот не беше многу суптилен. Сајмон Ван Хоејмисен, истражувач во белгискиот Кралски институт за висока одбрана, рече дека пораката веројатно укажува на проширување на Пекинг преку клучните европски пристаништа – од Антверпен-Бриж и Ротердам до Пиреја во Грција.

Кинеските гиганти КОСКО и Чајна Мерчантс, како и Хатчисон со седиште во Хонг Конг, сега имаат удели во повеќе од 30 терминали низ ЕУ. „Реалноста е јасна“, рече Ана Мигел Педро, португалска европратеничка од централно-десничарската Европска народна партија, предупредувајќи дека странските државни актери како Пекинг работат со ниво на координација и намера што далеку го надминува фрагментираниот одговор на поединечните земји, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот