Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

ЕУ донесе одлука која директно ќе ги засегне Унгарија и Полска

Унгарија луто реагираше на пресудата на Европскиот суд на правдата, што отвора можност земјата да загуби од фондовите на ЕУ поради спорот за владеењето на правото, јави ДПА.

Унгарската министерка за правда, Џудит Варга, одлуката на Судот ја нарелче „политички мотивирана”.

– Одлуката е доказ дека Брисел ја злоупотребува својата моќ, напиша Варга на Твитер.

Таа тврди дека одлуката е базирана само врз тоа што „минатото лето го усвоивме нашиот Закон за детска заштита”.

Коментарот на Варга се однесува на легислативата, донесена минатата година, за штитење на децата и младите лица во Унгарија од одредена содржина, поврзана со сексуалноста.

Критичарите го критикуваа законот како обиди за отфрлање на хомосексуалноста и трансродовите лица и за да ги оддалечи младите од важните информации.

Европската унија поведе прекршочна постапка како одговор на контроверзната легислатива. Сепак, тој случај, не е поврзан со механизамот за владеење на правото во центарот на денешната пресуда во Европскиот суд за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот