Развод
Развод / Фото: Pexels

Естонија стана првата земја во светот со 100% електронска влада, дури и разводите сега се онлајн!

Естонија стана првата земја во светот со 100% електронска влада. Со воведувањето на е-разводот, малата балтичка држава, која ја именуваше својата дигитална влада е-Естонија, ја постигна својата голема цел – да ги има сите административни услуги достапни онлајн.

Во татковината на Скајп одамна имаат електронска здравствена евиденција, е-рецепти, е-дневници на училиште, електронско гласање, промена на адреса, регистрација онлајн итн. Од декември паровите кои сакаат да го прекинат бракот можат да ја користат најновата услуга за е-влада – е-развод. Преку порталот за самопослужување на населението, кој делува и како унифицирани матични книги, еден од брачните другари може да поднесе дигитално барање за раскинување на бракот.

За погодност, податоците на парот што се појавуваат во регистарот се претходно пополнети во апликацијата. Е-услугата вклучува упатства за изготвување договор за поделба на семеен имот и упатства за подмирување на родителските права. По поднесувањето на е-молбата, сопружниците имаат 30-дневен период на „разладување“. Потоа, доколку нема промена во нивната одлука, тие мора да се сретнат со службено лице за формално да го прекинат бракот. Иако е-разводот е релативно нова опција, 53% од сите апликации се веќе поднесени онлајн, објави „Сега.бг.њус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот