Руски воен брод/ Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Естонија им забрани на бродовите под руско знаме да влегуваат во нејзините пристаништа

Естонија денеска им забрани на бродовите што пловат под руско знаме да влезат во нејзините пристаништа на Балтичкото Море во согласност со петтиот пакет санкции на ЕУ против Москва поради инвазијата врз Украина.

Министерството за економија и инфраструктура на Естонија соопшти дека естонските пристаништа се затворени и за бродови кои го смениле знамето од руско во друго.

Ако бродот што плови под знамето на Русија е во неволја, по исклучок, може да му биде дозволено да влезе во пристаниште со дозвола на полицијата и граничарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот