
Ештон Качер прозборе за борбата со автоимуна болест: Имам среќа што воопшто сум жив
Ештон Качер во новата епизода од серијалот „Running Wild with Bear Grylls: The Challenge“ раскажа дека пред некое време му бил дијагностициран редок вид на васкулитис – автоимуна болест на крвните садови. Тој истакна дека болеста „го исфрлила од рамнотежа“, но и дека му дала нов поглед на животот.
Препорачано
„Пред околу две години добив супер редок облик на васкулитис кој ми го наруши видот и слухот и целосно ме исфрли од рамнотежа“, изјави актерот.

Качер вели дека дури сега гледа колку навистина бил тежок тој период.
„Не знаев дали ќе ми се врати видот, не знаев дали ќе ми се врати слухот, не знаев дали ќе можам повторно да одам“, додаде тој, истакнувајќи дека е среќен што е воопшто жив.
„Едно време јадеше само грозје“
Тој исто така спомна дека болеста го научила да им пристапува на проблемите на поинаков начин.
„Животот станува забавен кога ќе сфатите дека пречките всушност ви го даваат она што ви треба во животот. Тогаш почнувате да сурфате на вашите проблеми наместо да живеете под нив“, посочи Ештон.
View this post on Instagram
Ова е првпат актерот јавно да проговори за својата битка со васкулитис, но и дека неговата сопруга, актерката Мила Кунис, во едно интервју минатата година се осврна на неговата здравствена состојба.
„Тој се однесуваше навистина глупаво. Едно време јадеше само грозје, тоа беше навистина глупаво. Двапати завршивме во болница поради панкреатитис“, изјави Кунис за болестите на Качер во 2013 година, додека се подготвувал за неговата улога во филмот „Jobs“.