
Ерменскиот премиер во посета на Русија
Ерменскиот премиер Никол Пашињан ќе престојува во дводневна работна посета на Русија, соопшти прес-службата на ерменската влада.
Препорачано
Тој денеска ќе учествува на состанокот на Евроазискиот економски совет во Санкт Петербург, а утре на неформалниот состанок на шефови на држави на Заедницата на независни држави (ЗНД).
И покрај долготрајните блиски врски меѓу Русија и Ерменија, односите меѓу двете земји неодамна станаа затегнати, а се повеќе се зборува за можно повлекување на Ерменија од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), предводена од Русија, иако Пашињан постојано ги негираше овие тврдења.
Претседателот на ерменскиот парламент Ален Симонјан минатиот месец изјави дека ОДКБ не ги исполнува своите обврски кон Ерменија.
Иако ОДКБ треба да ѝ помогне на една земја-членка кога ќе биде нападната, тоа не го стори во септември минатата година, кога азербејџанските војници ги нападнаа пограничните области и зазедоа позиции внатре во Ерменија, пишува „eurasia.net“.
Оттогаш, Ереван го намали учеството во блокот на минимум, истовремено насочувајќи се кон Европската унија, која најави дека ќе ја разгледа можноста за воена помош за Ерменија преку Европскиот фонд за мир.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
18мин
-
27мин
-
34мин
-
45мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5