Фото: Принтскрин

Ердоган во разговор со Трамп: Турција ги поздравува напорите на САД за мир во регионот

Турција ги поздравува напорите на Соединетите Американски Држави за постигнување мир во регионот, но Израел мора да ги запре нападите за тие напори да бидат успешни, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти кабинетот на Ердоган.

Во соопштението се наведува дека Трамп и Ердоган разговарале за билатералните врски, за време на повикот што го побарала американската страна, и се додава дека Ердоган ја нагласил важноста од преземање чекори за зајакнување на соработката меѓу двете земји, особено во одбранбената индустрија, пренесува Ју ес Нјуз

Ердоган, исто така, рекол дека нивната средба во Белата куќа минатиот месец ги зајакнала врските меѓу двете земји.

Во соопштението се наведува дека за време на разговорот за ситуацијата во Газа, Ердоган му рекол на Трамп дека Турција работи напорно за постигнување регионален мир и дека ги поздравува иницијативите насочени кон таа цел.

„Ердоган нагласи дека Турција ги зголемила своите дипломатски контакти заради мирот, дека ќе продолжи да ја поддржува визијата (на Трамп) за глобален мир и дека запирањето на нападите од страна на Израел е важно за успехот на иницијативите насочени кон постигнување мир во регионот“, се вели во соопштението.

Турција, која ги нарече нападите на Израел врз Газа геноцид и ја суспендираше целата трговија со Израел, изрази поддршка за најновиот план на Трамп за ставање крај на војната во Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот