Ердоган / Фото: Mehmet Kaman / AFP / Profimedia

Ердоган: Решението со две држави е единствениот начин за мир, да се формира палестинската држава со главен град Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е решена да ги засили дипломатските напори за да го спречи насилството меѓу израелските и палестинските сили и додаде дека решението со две држави е единствениот начин за постигнување мир во регионот.

Во говорот во Истанбул Ердоган рече дека израелско-палестинскиот конфликт е во центарот на повеќето конфликти и проблеми на Блискиот Исток. Според него, сега е потребно формирање независна палестинска држава со Ерусалим како главен град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот