
Ени Ленокс ги воодушеви фановите со ангелскиот глас, па откри една работа кој на многумина не им е позната! (ВИДЕО)
Славната британска пејачка Ени Ленокс (65), како и многу луѓе ширум светот ги поминува деновите во изолација поради пандемијата од коронавирусот.
Препорачано
Поранешната пејачка на славните „Eurythmics“, се одлучи да ги израдува фановите со изведба на своја песна и во оваа прилика покажа дека и во седмата деценија од животот располага со ангелски глас.
„Што правите во изолација? Претпоставувам дека минувате многу време во бришење прашина и чистење по дома. Јас работам малку повеќе од тоа, а исто така свирам клавир и пеам. Нема да одам на турнеја со овие песни. Само пребарувам по моите музички плакари, пронаоѓам скриени богатства и ги чистам. Што мислите?“, напиша Ени на Инстаграм и запеа.
Обожавателите се воодушевија, а една жена, која исто така е фан на Ленокс, истакна дека е маѓепсана од вештините кои Ени ги поседува на клавир.
Во оваа прилика, Ени откри и една работа која досега многумина не ја знаеја.
„Сите мои песни ги напишав на клавир, на кој почнав да вежбам пред 58 години“, напиша Ленокс во коментар.
Погледнете како Ени Ленокс на одличен начин запеа додека е во карантин: