Фото: EPA-EFE/USGS / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

ЕМСЦ: Земјотресот во Петриња го почувствувале шест милиони луѓе

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека денешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, со епицентар во хрватскиот град Петриња, го почувствувале шест милиони луѓе. Земјотресот се почувствува низ целиот регион.

Програмата за опасност од земјотреси на Американскиот геолошки институт (УСГС) проценува дека земјотресот во Хрватска, освен во Црна Гора, во Словенија, во Србија, во Босна и Херцеговина, бил почувствуван и во Чешка, во Германија, во Унгарија, во Италија, во Романија и во Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот