фото: facebook/Emil Pavlov

Eмил Павлов во групната фаза го заврши настапот на Европските игри во Краков

Македонскиот најдобар каратист, Емил Павлов не успеа да се избори за борба за медал на Европските игри во Краков.

Павлов настапот го заврши во групната фаза со скор од една победа и два порази.

Во првото коло македонскиот претставник беше поразен од Милош Сабјецки, додека во втората рунда го доби турскиот натпреварувач Бурак Ујгур.

За пласманот во борбите за медал одлучуваше третото коло во кое се сретна со Романецот, Стефан Команеску. За жал иако на почетокот на мечот имаше контрола, на крајот поради мал пад на концентрацијата го загуби мечот и така го заврши настапот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот