
Емил Божиновски нов претседател на судиите, Таневски ќе ги води фудбалерите до 20 години
Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа Седница на управниот одбор на која донесе неколку важни одлуки.
Препорачано
Една од одлуките е враќање на Емил Божиновски на местото претседател на Судискиот одбор кој доаѓа на местото на Александар Ставрев. Јосип Бартон од друга страна ќе ја има улогата на член на Судискиот одбор на местото на Дејан Костадинов.
Емил Божиновски е поранешен македонски фудбалски судија и долгогодишен интернационален судија со богата кариера на домашната и европската сцена. Судел на натпревари од Лигата на шампионите, Лига Европа и квалификации за големи натпреварувања. По завршувањето на активното судење, продолжува како контролор на судење на натпревари во организација на УЕФА и ФИФА. Во рамки на ФФМ, Емил Божиновски, одреден период беше претседател на Судиската комисија, одговорен за организацијата и развојот на судиите, како и за спроведување на стручни семинари и воведување на нови технологии.
Исто така Александар Таневски кој во изминатата сезона еден период беше на клупата Беса е избран за нов селектор на репрезентацијата до 20 години.
Останати одлуки:
У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за натпреварување во Прва, Втора и Трета македонска фудбалска лига за сезоната 2025/26;
– У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за Куп натпреварувањето во сениорска конкуренција (мажи) за натпреварувачката сезона 2025/26;
– У.О. на ФФМ ги усвои предложените измени и дополнувања на Правилникот за натпреварување на ФФМ;
– У.О. на ФФМ ги усвои измените и дополнувањата на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери;