
Елмас: Пријателски натпревар за нас не постојат, играме против сериозен ривал
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој пред неколку дена ја комплетираше позајмицата во Наполи ќе биде дел од двата натпревари на Македонија, утрешниот пријателски против Саудиска Арабија и дуелот со Лихтенштајн три дена подоцна во квалификациите за Светското првенство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што порача фудбалерот од средниот ред, иако е пријателски натпревар тие ќе влезат максимално сериозно и на Саудиска Арабија гледаат како на сериозен ривал.
“За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Имав добри подготовки, чувствувам дека сум подготвен. Овие два натпревари ќе ми значат многу, бидејќи по подолго време повторно ќе настапам во меч со голема важност.
Саудиска Арабија е тим кој игра со многу посед и знае да ја чува топката, па ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани. Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас.”
Натпреварот се игра во терминот од 17:00 часот на стадионот во Крако на Викторија Жижков.