Ученици Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Електронски упис во средните училишта од идната година

Од следната годиина се очекува дека ќе може да спроведеме целосно електронски упис во средните училишта, бидејќи сите училишта се поврзани со електронскиот дневник, рече министерката за образование Весна Јаневска. Таа додаде дека досега се бараа дополнително документите во хартиена форма , бидејќи проблемот може да настане во недостаток на одредени документи, затоа што се аплицира единствено со оригинални документи.

-Оваа година електронски ќе се врши уписот, а потоа учениците треба да ги достават документите во хартиена форма затоа што сите училишта немаат пристап до електронската форма на пријавување и затоа што не сите и родители се уште се подготвени. Од идната година веќе кога масовно од 1 септември ќе го пуштиме во употреба новиот електронски дневник, односно надградената форма на електронскиот дневник предвидено е училиштата преку нивните системи да ги поврзат сите документи кои ќе им бидат потребни за да може да се запише ученикот – вели Јаневска.

Министерката  најави и дека следната година ќе нема потреба да се печатат свидетелствата, бидејќи за упис ќе може да се користат исклучиво во електронска форма.

-Од идната година нема да мораме да печатиме свидетелства, ќе заштедиме на хартија. Бирото го прави сега тоа, a од идната година ќе можат, бидејќи свидетелствата и не им се потребни до деветo одделение, им требаат при упис секако и да го знаат својот успех. Но бидејќи училиштата им ги бараат сите свидетелства, системот сам ќе си ги повлече во електронска форма. Доколку училиштето одлучи дека има потреба од свидетелства за да ги израдува децата на крај на година, ќе можат самите да ги печатат. Ние како држава не ќе мора да трошиме средства и хартија за тоа да го спроведеме – вели Јаневска.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот