Ел Чека со нови „бомби“ за настаните на скопското Кале

Неколку нови „бомби“ повторно беа објавени на Фејсбук профилот на Ел Чека и се претпоставува дека во нив разговараат високите функционери на ДУИ, Али Ахмети, Муса Џафери, Садула Дураку, Артан Груби и неколку други, јавува Тв Шења.

Според истиот медиум, откако два дена по ред  се објавуваа прислушкувани разговори во врска со случајот „Монструм“, кои предизвикаа и судир меѓу обвинителката  Фатиме Фетаи и Шеќерим Ахмети, познат како ЕЛ Чека, сега започнаа разговорите во кои станува збор за саботажа на албански бизнисмени во политиката и намерно уништување на нивните бизниси.

Но, во овие разговори станува збор и за случајот со црквата на скопското Кале, кога се организираа протести од Граѓанското движење „Разбуди се“ против изградбата, предводени од поранешниот активист Артан Груби, кој денеска е десна рака на политичарот Али Ахмети.

Груби и Ахмети, се чини дека биле координирани за интензитетот на граѓанските протести, на кои настана и судирот меѓу двете навивачки групи на Албанци и Македонци и полицијата.

Според ТВ Шења, во едно од прислушувањата се зборува и за протестите во Гостивар, по убиството на двајцата млади Албанци од еден македонски полицаец.

На профилот на Ел Чека, покрај „бомбите“ кои постојано се објавуваат, исто така се објавуваат и ставови на Ел Чека против функционерите на ДУИ, кои се полни со голем број на обвиненија за криминал и корупција.

Шеќерим Ахмети, веќе подолго време објавува прислушкувани разговори на функционери на ДУИ, но ветува дека ќе објави и други развоговори се додека не се иницира меѓународна истрага за случајот во Куманово и додека политичката партија ДУИ не биде протерана од владата.

По неодамнешната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за „бомбите“ пред повеќе од две недели, кој велеше дека не му ја загрозуваат ни најмалку позицијата во властта, ДУИ повеќе не излезе со ниту еден коментар во врска чинот на објавувањето на бомбите или нивната содржина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот