Фото: Принтскрин

Експлозија во фабрика за сол во Русија, најмалку 25 луѓе се повредени

Во фабриката за сода во Стерлитамак, во Башкирија, Русија, утрово се случила експлозија од мешавина од гас и воздух, при што се повредени 25 лица, кои се префрлени во градската болница, објави министерот за здравство на Башкирија, Ајрат Рахматулин.

Дваесет и пет повредени се префрлени во градската болница. На лице место работат 19 екипи за итни случаи. Медицински екипи брзо беа испратени од Уфа по воздушен пат. Меѓу нив има реаниматори, специјалисти за изгореници и офталмолог, напиша Рахматулин , пренесува „Тасс“.

Како што претходно објавија медиумите, повикувајќи се на регионалните власти, во производствениот погон на фабриката за сода се случи експлозија од мешавина од гас и воздух без дополнително согорување, а немаше жртви.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот