Фото Архива

Експлозија на главниот нафтовод што ја снабдува Москва

Главниот нафтовод што ја снабдува Москва со нафтени деривати експлодираше во рускиот Рјазански регион, тврди Укринформ, повикувајќи се на извори од Службата за одбранбено разузнавање на Украина (ДИУ).

Според извештаите, во вторникот се случила експлозија на нафтоводот Рјазан-Москва, една од главните линии што го снабдуваат рускиот главен град со нафтени деривати, по што избувнал пожар, а противпожарните и итни возила биле испратени во рок од неколку часа за да го изгаснат пожарот.

Жителите известиле дека во реонот на селото Божатково во Рјазанскиот округ има полициски и други екипи кои работат на отстранување на последиците од експлозијата и пожарот.

Според украинските медиуми, во 2018 година, овој нафтовод бил пренаменет од компанијата Транснефт за снабдување со бензинско гориво и снабдување со гориво за руската армија.

Според ДИУ, поради инцидентот, протокот на нафтени производи кон Москва бил прекинат на неодредено време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот