Виктор Димовски / Фото: Влада на РСМ

Ексдиректорот на АНБ Димовски најави одговор на наводите на Мицкоски дека Агенцијата го прислушувала

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, за утре најави „аргументиран одговор“ во врска со наводите за злоупотреби вршени во Агенцијата во периодот додека тој раководел со оваа институција.

„Денес е ден за славење, а од утре аргументиран одговор на наводите од брифинг во АНБ одржан деновиве…“, вели Димовски во куса објава на „Фејсбук“, на денот кога се одбележува шестгодишнината од основањето на АНБ.

Димовски беше првиот директор на АНБ, која беше основана по реформите на безбедносниот систем на државата. Тој со Агенцијата раководеше од нејзиното основање во 2019 до 2022 година, кога на негово место дојде Зарко Милошевски.

Наводите, на кои Димовски најавува одговор, дојдоа во петокот кога беше објавено дека Агенцијата за национална безбедност доставила три известувања до Јавното обивнителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување.

Тие наводи вечерва ги повторија и премиерот Христијан Мицкоски и актуелниот директор на АНБ, Бојан Христовски, кој на функцијата дојде пред нешто помалку од една година по промената на власта на ланските парламентарни избори.

И Мицкоски и Христовски не сакаа да навлегуваат во детали, бидејќи како што рекоа станува збор за документи кои се класифицирани како државна тајна, но и двајцата изразија очекување дека случајот ќе добие правна разрешница, а одговорните ќе бидат казнети.

„Двете агенции и Агенцијата за разузнавање и Аагенцијата за национална безбедност темелно се занимавале со, во тоа време, претседателот на најголемата опозициска партија, т.е. со мене, меѓу другото и со новинари и со бизнисмени новинари. Така што, еве, да оставиме време периодов процесот да тече, да видиме Обвинителството што ќе каже, судиите нормално, во еден судски процес“, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања на одбележувањето на годишнината од основањето на АНБ.

Мицкоски тврди дека „глодари“ од АНБ и АР „темелно се занимавале“ со тогашната опозиција, со него, со бизнисмени и новинари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот