
Експремиер на Пакистан осуден на 14 години затвор за корупција
Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е осуден на затворска казна од 14 години за корупција при извршена продажба на земјиште, изјави неговиот адвокат.
Препорачано
Пресудата дојде откако Кан бил обвинет за за земање мито при продажба на земјиште во вредност од 190 милиони фунти, или околу 250 милиони евра, пренесува Скај Њуз.
Случајот е поврзан со Фондацијата Ал Кадир, основана од поранешниот премиер и неговата сопруга Бушра Биби за време на извршување на неговата функција. Обвинителите тврдат дека фондацијата била фронт за поранешниот премиер.
Од политичката партија на Кан, Техрик-е-Инсаф (ПТИ), велат дека продажбата на земјата не била за лична корист, туку била наменета за изградба на духовно-образовна институција.
Седумдесет и двегодишниот Кан беше сменет од функцијата во 2022 година, а од август 2023 година се наоѓа во затвор и се соочува со повеќе од 150 кривични случаи.
Неговата сопруга Бушра Биби, исто така, била осуденa на седум години затвор во случај за корупција при продажба на земјиште.
Локалниот медиум Гео њуз објави дека таа повторно била приведена набргу по донесената пресуда, откако претходно со кауција била ослободена од притвор.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
17мин
-
19мин
-
28мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5