Фото: МТСП

Економското зајакнување на жените е врвен приоритет на министерството, вели Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се обратила на панелот „Креирање политики и мерки кои поддржуваат родова еднаквост на работно место во Севрна Македонија“, како дел од конференцијата „Родова еднаквост на работното место“.

Како што информира МТСП, конференцијата била во организација на Aлијанса за родова еднаквост (Gender Equality Alliance) поддржана од Консалтинг за стратешки развој (SDC) и USAID.

– Секторот за Еднакви можности е главниот владин механизам кој работи на креирање на политики и спроведување на мерки во насока на имплементирање на родовата еднаквост во нашата држава. Како еден од главните чекори во исполнување на таа цел беше донесувањето на Стратегијата за родова еднаквост во 2022 година, која ќе биде со важност до 2027 година. Таа се спроведува преку акциски план на кој главните стратешки цели се да се спроведе ефикасен и ефективен механизам на национално и локално ниво за намалување на стереотипите поврзани со родовите улоги, рекла Тренчевска.

Таа истакнала дека целта е да се изгради култура на недискриминација и еднаквост во сите сфери на живеењето, посочувајќи дека до крајот на 2024 година државата ќе биде во можност да ги измери и достигнувањата од мерките по претходно поставените индикатори.

Тренчевска зборувала и за вклучувањето на жените на пазарот на труд, како дел од нејзината надлежност како министерка за труд и социјална политика во државата.

– Од Оперативниот план за вработување како најатрактивни мерки ги издвојувам мерката за самовработување, која им овозможува на жените да отворат свои бизниси. Речиси половина од корисниците се млади девојки. Тука ќе ја спомнам мерката за стекнување на ИТ вештини каде за оваа година ја зголемивме возрасната граница од 29 на 40 години за да оствариме опфат на повеќе жени. Преку ваквите мерки вклучуваме жени кои не можат да најдат работа, можам да посочам дека успешно ги извлекуваме од системот за социјална заштита и ги интегрираме на пазарот на трудот, нагласила Тренчевска.

Министерката ги посочила двете кампањи на Министерството за труд и социјална политика – „Гласна и храбра“ и „Остави трага“ и истакнала дека Министерството продолжува со своите заложби за унапредување на статусот на жените во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот