Екоактивисти ја обоија Бранденбуршката порта во портокалово

Членови на еколошкото движење „Последна генерација“ денеска ја испрскаа Бранденбуршката порта, симбол на Берлин, со портокалова боја.

„Протестот укажува дека е дојдено време за политички пресврт и откажување од фосилните горива и за повеќе правда“, се вели во соопштението на движењето „Последна генерација“.

Според полициското соопштение, во тек е акција при која се уапсени неколку лица на Парискиот плоштад, веднаш до Бранденбуршката порта.

Демонстрантите користеа пренаменети противпожарни апарати кои содржеа боја наместо средство за гаснење, за да ја испрскаат Бранденбуршката порта и околу Парискиот плоштад, каде се наоѓаат француската и американската амбасада.

Припадниците на „Последната генерација“ најавија интензивирање на акциите во Берлин во втората половина на септември со зголемено блокирање на патиштата.

Акциите, како што најавија, ќе бидат прекинати кога германската Влада ќе ги исполни барањата на демонстрантите, кои вклучуваат зајакнување на мерките за забавување на климатските промени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот