Фон дер Лајен и Макрон на конференцијата за наука во Париз/Фото: EPA-EFE/GONZALO FUENTES / POOL MAXPPP OUT

ЕК: Пакет од 500 милиони евра за привлекување научници во Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави пакет од 500 милиони евра за промоција на европските научни истражувања.

„Науката е инвестиција – и ние треба да обезбедиме соодветни стимулации. Затоа можам да објавам дека воспоставуваме нов пакет од 500 милиони евра за периодот 2025-2027 година за да ја направиме Европа магнет за истражувачите“, рече претседателката на Комисијата заедно со францускиот претседател Емануел Макрон за време на нејзиниот говор на меѓународната конференција „Изберете Европа за наука“ што се одржува во Париз.

Целта е да се привлечат научници во САД погодени од репресијата врз академската слобода од страна на администрацијата на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот