Eвропска комисија

ЕК одобри заедничка инвестиција на „Мусаши“, „Делта“ и „Тојота“

Европската комисија даде дозвола за заедничка инвестиција во проект за производство на автомобилски компоненти на индиската фабрика „Мусаши Авто делови Индија“, тајванската компанија „Делта Електроникс“ и јапонската корпорација „Тојота Цушо“.

Инвестицијата првенствено се однесува на производство на автомобилски делови за погонските системи на електрични возила на две тркала во Индија.

Европската комисија заклучи дека заедничката инвестиција нема да има влијание врз конкуренцијата во тој сектор, со оглед на нејзиното ограничено влијание во Европската економска област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот