стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Едно лице загина во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Едно лице загина во сообраќајнја несреќа на патот Струмица-Валандово, на излез од селото Костурино утрово во 6.40 часот, информираа од СВР Струмица.

Во несреќата учествувале автомобил „фиат” со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ”, исто така, со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана полуприколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино.

-На местото на настанот починал сопатникот на тракторот Т.Б.(54) од село Костурино, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобил Г.Б. (51) од село Костурино, кој бил сопатник во полуприколката. Возилото „фиат” го напуштило местото на настанот. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица, се вели во информацијата од СВР Струмица.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото „фиат”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот