Ирански напад врз Тел Авив/ Фото: Профимедиа

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација од Тел Авив

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и од Израел беа откажани. Се очекува обновување на летовите во текот на денот, во зависност од безбедносната состојба. Согласно информациите добиени од македонската амбасада во Тел Авив, во моментов вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација.

– Истата би можела да се реализира во наредните денови, во зависност од развојот на безбедносната ситуација – соопштија од Министерството за надворешни работи.

Како алтернатива, постои можност за евакуација по море – со брод од Ашдод до Лимасол (Кипар), за што Амбасадата е во редовна комуникација со македонските државјани и надлежните израелски власти.

Првата група македонски државјани пристигна од Израел

Првата група граѓани беше евакуирана со владин авион на 17 јуни. Заклучно со 22 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 27. Меѓутоа, не сите се подготвени тоа да го направат веднаш, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Нагласуваат дека Министерството за надворешни работи, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани, сè до нивната безбедна евакуација. Воедно, апелираат до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена. Најавуваат дека за сите новини јавноста ќе биде навремено информирана.

Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:

+389 75 273 732 / +389 75 268 736

или дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:

+972 54 500 8566 / +972 54 967 054

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот