Николај Патрушев / Фото EPA-EFE/SERGY GUNEEV / KREMLIN / POOL

Еден од најважните соработници на Путин се сретна со поранешниот кубански лидер

Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев, еден од најважните соработници на претседателот Владимир Путин, се сретна со поранешниот кубански лидер Раул Кастро за да разговараат за безбедносната соработка, објави во вторникот новинската агенција Интерфакс.

„Се разговараше за различни прашања од руско-кубанската соработка на полето на безбедноста. Николај Патрушев го увери Раул Кастро дека Москва останува посветена на духот на стратешкото партнерство меѓу двете земји“, се вели во соопштението за печатот на Советот за безбедност на Русија, цитирано од Интерфакс.

Војната во Украина ја предизвика најтешката криза во односите меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, тврдат руски и американски дипломати. Тоа беше најблиску до нуклеарниот конфликт на двете велесили.

Во 1962 година, Советскиот Сојуз започнал тајно да инсталира ракети со среден дострел на Куба, кои можеле да стигнат до американските градови.

САД го блокирале пристапот до Куба и спорот завршил со отстранување на руските ракети од Куба и американските ракети од Турција. Во тоа време на чело на Куба бил братот на Раул, Фидел Кастро. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата недела ја посети Куба.

Тој ја осуди „доминацијата“ и „хегемонијата“ на САД и западните земји кои ја одржуваат со средства што „не вклучуваат дипломатија, туку уцени, ултиматуми, закани, употреба на воена сила и санкции“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот